Ал Наср официјално демантираше дека го принудил Роналдо да ја поддржи С.Арабија за СП во 2030!

148

Ал Наср, клубот кој има договор со Роналдо вреден 500 милиони евра за 2,5 години, и официјално негираше дека го принудил Португалецот за тие пари да ја поддржи кандидатурата за домаќин на С. Арабија за СП во 2030 година.

Од Ал Наср велат дека тие гласини биле само шпекулаци и дека не е вистина дека Кристијано добил дополнителни 200 милиони евра само за да биде амбасадор на С.Арабија во врска со кандидатурата за Мундијалот. Од Ал Наср појаснија дека Роналдо има обврски во времетраењето на договорот само кон нивниот клуб.

ПретходноПСЖ со понуда до Меси: 80 милиони евра за две години, бонусите се плус!
СледноБекам прескокнуваше огради и минуваше низ трње за да побегне од фановите! (ФОТО+ВИДЕО)