Жоао Феликс и официјално е нов фудбалер на Челзи. Тој денеска ја комплетираше позајмицата од Атлетико до крајот на сезоната.
Лондонскиот клуб потврди дека го позајми 23-годишниот играч од средниот ред до летото. Атлетико објави дека Феликс пред заминувањето го продолжил договорот со клубот на уште една сезона, до 2027 година.
Беше објавено дека Челзи ќе плати 11 милиони евра за позајмица на Португалецот, а воедно ќе ја преземе и целата плата на играчот за периодот на позајмица – 6 милиони евра.