Реал и Барса во С. Арабија по лов на нов трофеј

191

Од денеска до недела Саудиска Арабија и градот Ријад ќе бидат домаќини на 39. издание на шпанскиот Суперкуп, а четвртото во новиот формат со учество на четири екипи.

Реал Мадрид ќе настапи како шампион на Шпанија, Барселона како второпласирана екипа од Ла Лига, а тука се и финалистите на Купот на кралот – победникот Реал Бетис и поразената Валенсија.

Денеска на Интернационалниот стадион „Крал Фахд“ во полуфиналето ќе ги одмерат силите Реал Мадрид и Валенсија, додека во четврток е закажан вториот полуфинален меч меѓу Реал Бетис и Барселона. Финалето е закажано за 15 јануари.

Новиот формат на Суперкуп стартуваше од сезоната 2019/20 во Џеда, а победник беше Реал Мадрид, кој во финалето го совлада градскиот ривал Атлетико по изведувањето пенали.

Една година подоцна, во 2021 година, финалето се играше во Севиља, а титулата му припадна на Атлетик Билбао, додека лани домаќин на шпанскиот Суперкуп повторно беше Саудиска Арабија, а трофејот го понесе Реал Мадрид како второпласирана екипа во шпанското првенство. Вечерашниот дуел меѓу Реал Мадрид и Валенсија ќе биде нивни четврти дуел во Суперкупот на Шпанија. Последен пат играа во 2020 година во полуфиналето, а Реал победи со 3:1.

ПретходноМаслинко од Гостивар се сели во Битола
СледноМадс Ларсен доби негативен тест, ќе игра в петок против Белгија