Фановите во страв: Ѓоковиќ е повреден, предвреме го напуштил тренингот! (ВИДЕО)

229

Секако дека во тенискиот свет, а и меѓу фановите на овој спорт, сите сме во очекување да видиме дали Новак Ѓоковиќ на претстојниот АО во Мелбурн ќе си го врати своето што ми беше одземено минатата година, кога едноставно не му беше дозволено да настапи на турнирот.

Србинот во Австралија дојде во добра форма, на турнирот во Аделаида истата и ја потврди, но последните вести од Мелбурн велат дека фановите се во страв. Дека има причина за загриженост, односно дека Новак поради повреда морал предвреме да го напушти тренингот, односно тренинг – мечот со Данил Медведев.

Да се надеваме дека не е ништо стрешно и дека Новак својот поход кон десеттата титула во Мелбурн ќе ја започне здрав.

ПретходноДончиќ со 43 поени, “леташе“ и преку публика, но сепак Далас загуби! (ВИДЕО)
СледноЕнцо Фернандез со потег: Останувам овде, Бенфика ми е во срцето! (ВИДЕО)