Абдул-Малик Абу e новата аквизиција на МЗТ Скопје Аеродром

300

Искусниот американски центар, Абдул-Малик Абу е новото име кое ќе го носи дресот на тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

Тој потпиша договор до крајот на сезоната, а станува збор за кошаркар кој одлично се снаоѓа на позициите „четири“ и „пет“ и кој се очекува да донесе цврстина под обрачите.

Абу доаѓа од Израел, каде што настапувал за Хапоел Галил Елион, додека претходно бил дел од бундеслигашот Вурзбург, корејскиот прволигаш Чангвон, турскиот тим Беледиеспор, Спортинг од Лисабон и Вриједноснице Осијек. Зад себе има повеќе од солидна НЦАА кариера во Северна Каролина државниот универзитет, каде што во една од сезоните имал просек од 11,8 поени и седум скока.

 

ПретходноАкадемија Пандев ги стартуваше подготовките
СледноФранција победнички го започна СП, триумф над Полска среде Катовице