Етем Ерен Вардар нова опција за Македонија (ВИДЕО)

730

Од време на време се случува, Спортмедиа во корелација до Фудбалската Федерација на Македонија, да ви презентира млад фудбалер со наше потекло кое има опција да настапува за нашите младински репрезентации.

Дел до нив успеаа да се искачат низ скалилата, и да стигнат до А репрезентацијата како Адеми, Алиоски, Ѓорѓев, а други пак се загубија и едноставно го немаа тој квалитет или капацитет.

Да се надеваме пак дека овојпат имаме вистински дијамант за кого е вредно да се бориме и да го придобиеме во нашите редови.

Се работи за 18. годишното десно крило на турскиот тим Фенербахче, Етем Еден Вардар кој ја мина целата младинска школа на овој гигант од Истанбул, а со оглед на големата конкуренција за влез во првиот тим, зимава ќе има нов клуб, во потрага по поголема минутажа.

Неговото потекло е од Македонија, поточно неговата баба, па нема да има проблем да извади наша патна испава.

ПретходноВо Мадрид убиен светски шампион во стрелаштво
СледноАкадемија Пандев ги стартуваше подготовките