Кошаркарите на Црвена Звезда забележаа нова победа во Евролигата, откако вечерва на домашен терен во меч од 19. коло го совладаа Монако со 92:68.
Мечот почна со многу емоции, откако Саша Обрадовиќ беше величествено пречекан, по вторпат во една недела, а неговата реакција беше уште поемотива кога клекна на подот и го бакна грбот на клубот во кој израсна како играч и тренер.
Sasa Obradovic is @kkcrvenazvezda ❤️
A real connection 🔴⚪#EveryGameMatters pic.twitter.com/PoV3sr5kzO
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 12, 2023
Одлично издание имаше Филип Петрушев со 21 поен и шест скока, а го следеше Лука Митровиќ со 15 поени.
Вечерва во првиот завршен меч од програмата, Фенербахче славеше над Баерн (М) со 79:71. Мотли со 22 поени ги предводеше Турците до нов триумф.