И на овој Мундијал, Кирил Лазаров е име кое ќе се зборува. Македонскиот селектор на играчите ширум во светот им постави тешка задача, да го достигнат неговиот рекорд по бројот на постигнати голови на едно Светско првенство.
Лазаров во 2009 година во Хрватска постигна 92 гола, бројка која засега никој не успеал да ја надмине, нуту да ја повтори. Минаа 13 години од ова првенство.
Во листата на најдобри стрелци на едно СП, Лазаров се најде и во 2017 година, тогаш стигна до бројката од 50 погодоци.
Останува да видиме дали во Шведска и Краков ќе се најде херој кој ќе го повтори рекордот на мак-гол машина.
Светското првенство официјално стартуваше, Македонија првиот меч го игра утре против Норвешка во 20:30 часот.