Барса по пеналите закажа „Ел Класико“ битка за пехарот во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

138

Фудбалерите на Барселона по подобро изведување на пенали вечерва во Ријад го совладаа тимот на Бетис и закажаа „Ел Класико“ финале во шпанскиот Суперкуп. Откако и Реал (М) синоќа на ист начин дојде до финалето, вечерва Каталонците по пенел-рулетот беа подобри од Бетис и се пласираа во мечот за трофејот.

Барселона и Бетис одиграа одличен меч со 4 гола во 120 мин8утна борба. Во регуларниот дел по 90 минути беше 1:1, откако Левандовски погоди во првиот дел за Барса, а Фекир на 13 минути пред крајот израмни и донесе продолженија.

Во нив Ансу Фати погоди спектакуларно за 2:1 по само три мининути, а пенали за Бетис донесе Морон со феноменална петта во 101. минута.

Во пенал-рулетот Барса беше без промашување, додека Карваљо и Хуанми не успеаја да го совладаат Тер Штеген.

ПретходноОткажаниот велеслалом во Гармиш префрлен во австриски Шладминг
СледноНова бламажа на Челзи, Жоао Феликс поцрвене на дебито (ВИДЕО)