Блескаво издание на Ц. Звезда, емотивен дочек за Обрадовиќ

261

Кошаркарите на Црвена Звезда забележаа нова победа во Евролигата, откако вечерва на домашен терен во меч од 19. коло го совладаа Монако со 92:68.

Мечот почна со многу емоции, откако Саша Обрадовиќ беше величествено пречекан, по вторпат во една недела, а неговата реакција беше уште поемотива кога клекна на подот и го бакна грбот на клубот во кој израсна како играч и тренер.

Одлично издание имаше Филип Петрушев со 21 поен и шест скока, а го следеше Лука Митровиќ со 15 поени.

Вечерва во првиот завршен меч од програмата, Фенербахче славеше над Баерн (М) со 79:71. Мотли со 22 поени ги предводеше Турците до нов триумф.


Standings provided by Sofascore

ПретходноМоже ли некој да го урне рекордот на Кирил Лазаров – кралот на стрелците!
СледноПОТВРДЕНО: Бенасер останува во Милан до 2027 година