Официјално: Зајков не е веќе фудбалер на Ворскла! (ФОТО)

687

Ѓоко Зајков не е веќе фудбалер на Ворскла Полтава, член на елитната украинска лига. Оваа вест денеска ја објавија од самиот клуб, а исто свој коментар имаше и нашиот репрезентативец.

Да потсетиме дека стоперот во Ворскла дојде во јануари минатата година, но потоа се случи агресијата на Русија врз Украина и таму немаше услови за фудбал. Во меѓувреме Зајков беше позајмуван во Славија Софија, но затоа од денеска тој и официјално не е веќе фудбалер на тимот од Украина.

Многу ми се допаѓа овој клуб, но ситуација е таква и време е да се разделиме. Јас веќе не сум фудбалер на Ворскла. Сакам да изразам голема благодарност до сите во клубот“ рече покрај другото нашиот репрезентативен стопер.

May be an image of 1 person and text that says 'vbet a лiгa FERREXPO дякуемо за гру джоко зайков пивнична македония 27 POKIB захисник'

ПретходноФакти за СП: Лазаров е вториот најмлад селектор на Мундијалот!
СледноФИФА ги објави номинациите за најдобрите во 2022: Меси, Мбапе, Нејмар, Бензема, Халанд…(ФОТО)