ПОТВРДЕНО: Бенасер останува во Милан до 2027 година

65

Исмаел Бенасер го продолжи договорот со Милан, со тоа што сега неговата важност е продолжена до летото 2027 година.

За Бенасер долго време се пишуваше дека е блиску до нов договор со Милан, а вечерва тоа стана реалност. Од италијанскиот клуб потврдуваат дека двете страни се договориле за нов договор, кој сега е со важност до средината на 2027 година.

Бенасер беше редовен стартер оваа сезона, постигнувајќи еден гол и асистенција. Тој исто така беше важен дел од тимот на Милан кој минатата сезона го освои италијанското првенство.

ПретходноБлескаво издание на Ц. Звезда, емотивен дочек за Обрадовиќ
Следно„Делии“ со транспарент за Антиќ: Не те сакаат затоа што си наш! (ФОТО)