Струга ТЛ се засили со Бесарт Кривањева! (ФОТО)

304

Струга Трим Лум во одбраната доби големо засилување. Тоа е Бесарт Кривањева, одличниот стопер, „дете“ на Металург, за да потоа кариерата го водеше во екипите на Шкупи, Егнатиа, Гњилане. Па така по Меџит Незири, стружани успеаја да го ангажираат и Бесарт Кривањева (26), кој со својот квалитет и искуство секако дека ќе биде еден од клучните играчи на тимот кој напролет ќе бие битка за титулата.May be an image of 2 people and text

Инаку да кажеме и тоа дека Кривањева доаѓа по барање на тренерот Срѓан Захариевски, со кој во Металург пред неколку години исто така соработуваа.

Инаку како што велат нашите информации, покрај Меџити и Кривањева, Струга ТЛ има намера да донесе барем уште 2-3 квалитетни прволигашки играчи.

ПретходноАндреј Јаго е новиот лев бек на МЃП
СледноДа се знае кој е кој: Ал Хилал му нуди на Меси 300 милиони евра по сезона!