Украинците го отпуштија селекторот

158

Украинскиот фудбалски сојуз денеска објави дека ја завршува соработката со селекторот на репрезентацијата, Александр Петраков.

Во објавата од федерацијата се вели: „Украинската федерација му се заблагодарува на Александар Петраков за сработеното. Ја прекинуваме соработката со селекторот на репрезентацијата на Украина. На тренерот му посакуваме успех во понатамошната кариера и нови победи!“.

Петраков ја предводеше украинската репрезентација од ноември 2021 година, кога дојде на местото на легендарниот Андриј Шевченко. Украинците под водство на Петраков одиграа 15 натпревари на кои забележаа шест победи, седумпати ремизира, а двапати загубија.

Украина е еден од противниците на нашата фудбалска репрезентација во претстојните квалификации за ЕП 2024, па затоа сега останува да почекаме да видиме кој ќе биде наследникот на Петраков.

Претходно„Делии“ со транспарент за Антиќ: Не те сакаат затоа што си наш! (ФОТО)
СледноЛидс потпиша со напаѓач од Хофенхајм