Инсиње: Одбив неколку понуди од Серија А, причината е љубовта кон еден клуб

215

Италијанскиот напаѓач Лоренцо Инсиње призна дека минатото лето одбил неколку понуди од екипи од Серија А. Причината за тоа е неговата љубов кон Наполи, клубот во кој се прослави. Тоа лето тој одлучи да премине во канадскиот Торонто како слободен играч.

Имав неколку понуди  од Италија, но јас еднаш кажав и тоа важи. Јас сум неаполитанец и фан на Наполи, па така ако се враќам во Серија А тоа ќе биде само во тој клуб. Не сакам да ги изневерам фановите ниту луѓето од Наполи“, изјави Инсиње.

Имав понуди и од странство, но не бев импресиониран од нивните проекти, за разлика од оној на Торонто. Не ми беше лесно бидејќи никогаш не сум бил толку далеку од дома, но максимално го искористувам ова искуство. Сега сакам само да уживам и да се обидам да победам со овој тим“, прокоментира поранешниот италијански репрезентативец.

ПретходноБенфика купи напаѓач кој постигнал 15 гола во 14 натпревари во Норвешка
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Норвешка да ја „заборавиме“, сите мисли да ги насочиме кон Холандија и Аргентина!