Данис Кристопанс, еден од играчите во ерата на Вардар одлучи да ги промени боите на клубот. Летонскиот џин од ПСЖ се сели во Мелсуген и тоа кај Роберто Гарсија Парондо.
Двајцата добро се познаваат, под водство на Парондо, а со неверојатните партии на Кристопанс, Вардар во 2019 по вторпат се искачи на европскиот трон и го подигна пехарот во Лигата на шампиони.
Истата таа година Летонецот замина за Париз кај Раул Гонзалес, откако не успеа да дојде до нов медал, доби понуда од Бундес-лигашот, кој веќе го промовираше.