Неат Абдулаи е нов играч на Академија Пандев

2108

Тимот на Академија Пандев веќе втор ден како работи по повод овогодинешните зимски подготовки, а во Струмица покрај стандардите играчи и веќе промвираните новитети, има уште едно ново лице.

Се работи за Неат Абдулаи, момче кое фудбалски е израснато во Италија но кое има македонски пасош. Абдулаи доаѓа во Струмица по прволигашка промоција и докажување дека во него има сериозен квалитет вреден за највисоко ниво.

Досега тој има настапувано за Триесте, Сан Луиџи, Монтебелуна. Има 21. година и игра на позицијата „десетка“.

 

ПретходноСо „кец во два“ и 7+ „Лавовите“ го победија Арсенал Тиват во Медулин
Следно„Ракометниот Меси“: Македонија можете да ја победите, но и да изгубите!