И Беса од Добри Дол, амбициозниот вторологаш, глваната фаза од зимските подготовки ќе ги одработи во Анталија и тоа од 26 јануари до 5 февруари. Таму, во турскиот туристички центар, екипата на Беса ќе одигра најмалку три пријателски средби со силни ривали.
Инаку Беса, по водство на тренерот Александар Таневски, завчера ги стартуваше подготовките за пролетниот дел во ВМФЛ. Моментално се работи во Гостивар, а веќе на 21 јануари ќе се одигра и првиот пријателски меч и тоа со Тетекс.
Што се однесува до преодниот рок, Беса досега се засили со голманот Дејан Силјановски, потоа напаѓачот Кристијан Ивановски, тука е и Агон Елези игра од среден ред, потоа Октај Ракипи и Имран Фетаи. Се се тоа квалитетни играчи со искуство од играње во повеќе познати наши клубови. Од ова се гледа дека амбициите на тимот на тренерот Таневски за пролетниот дел и не се така мали.