Роналдо на тренинг на Реал Мадрид во Ријад! (ФОТО+ВИДЕО)

502

Мало изненадување на сите во таборот им приреди Кристијано Роналдо, кој им “влета“ на кралевите“ на тренинг кој се подготвуваат во Ријад за финалето во Суперкупот на Шпанија и дуелот со Барселона.

Се знае дека Роналдо некогаш беше мега – ѕвездата на Реал, клубот уште го почитува Португалецот, па затоа и беше срдечно пречекан од тренерот Карло Анчелоти и останатите играчи.

Инаку Роналдо се подготвува за својот прв настап на 19 јануари против Меси и ПСЖ.

Image

ПретходноСинот на Роналдињо на проба во Барселона (ВИДЕО)
СледноМакедонија во Краков против Норвешка има горчливо искуство!