Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов е пред разделба со хрватски Хајдук. Како што утрово објавија хрватските медиуми, нашиот млад фудбалер е уште еден во низата фудбалери кои во зимскиот преоден рок ќе ги напуштат сплиќани.
Јани Атанасов и напаѓачот на тимот Самуел Едуоку не се најдоа во составот на фудбалери кои ги почнаа подготовките на Хајдук во Новиград, а како што пишуваат тамошните медиуми најверојатно и воопшто нема да им се приклучат на соиграчите во останатиот дел од подготовките за пролетната полуетапа.
За Атанасов и Едуоку во моментов се бара нов анагажман, откако и на двајцата договорите им истекуваат на крајот на сезоната.