Вечерва нашата најдобра репрезентација против Норвешка го игра својот прв натпревар на Мундијалот. Ривалот е силен, многу силен, но ние сме уверени дека Македонија може многу да покаже. Момците на Кире се спремни за голема борба, а во Арената во Краков, како по обичај ќе ја имаат и поддршката од фановите, поточно од „Фалангата“, која почна да се собира во фан-зоната во Краков, од каде после тоа ќе се оди да се навива за Македонија.
Фановите добро се расположени за навивање, има песна и голема желба Македонија вечерва да прикаже што знае.
А, нели, со „Фалангата“ кога е со тебе, тогаш е многу полесно..