Маркоски: Сите знаеме која е Норвешка и каков ракомет игра!

146

Никола Маркоски е еден од оние поискусни имиња кои Македонија ќе ги има на ова Светско првенство. Добро знае што значи да се има Норвешка на другата страна на теренот, но верува во овие млади момци и во системот кој полека, но сигурно Лазаров го наметнува во националниот тим. На него веќе овој начин на игра веќе му е познат, бидејќи Алкалоид игра модерен и брз ракомет.

Против норвешките ракометари добро е познато дека треба брза транзиција, мал број на грешки и добра одбрана.

„Норвешка игра брз ракомет, скандинавски стил кој е навистина тежок за подготовка. Мора да бидеме максимално сконцентирани, да ги сведиме грешките на минимум, не смееме да влеземе во нивната машина.

Системот кој го играме е модерен и добар, секако за да се влезе во еден ритам треба да се вложува многу и да се тренира напорно. Ние одработивме добри подготовки, очекувам позитивен резултат и на оваа средба и на следните средби“.

Норвешка и Македонија ќе ги одмерат силите со почеток во 20:30 часот.

ПретходноОдржана е ждрепката за Светското клупско првенство: Реал ги чека Сиетл, Ал Ахли или Окланд!
СледноСинот на Роналдињо на проба во Барселона (ВИДЕО)