Марка: Валенсија и Гатузо го посакуваат Адеми

172

Дефинитивно Аријан Адеми е еден од најквалитетните фудбалери кои некогап настапувал за репрезентацијата на Македонија. Универзалецот на Динамо Загреб покрај тоа што е капитен на овој тим, со дванаесетгодишниот стаж на Максимир има статус на бог во овој клуб, па нормално е што и помислата да си замине од таму за Адеми во моментов е и далечна. Ако на сето ова се додадат и неговите 32. години тогаш нештата стануваат уште појасни.

Сепак, оваа комфорна ситуација може да ја „расипе“ денешното издание на тиражниата шпанска Марка, која вели дека тимот на Валенсија на чело со тренерот Џенаро Гатузо инсистира на доведување на Адеми како зимско засилување, и дека токму во него гледа озвежување на средниот ред. Додава и дека Валенсија има конкуренција во два премиерлигаши кои не ги наведува за да стигне до услугите на нашиот репрезентативец.

 

ПретходноЛоши вести: Без Јагуриноски против Холандија, доаѓа играч од Скопје
СледноЈунајтед со пресврт го доби дербито на Манчестер (ВИДЕО)