Данскиот јунак ги собра сите признанија, па порача: Тоа не ми значи ништо!

600

Данска испиша историја во Стокхлом, ја совлада Франција во финалето на Светското првенство и постана првата земја која успеала да освои три титули во низа. Оваа репрезентација го подигна пехарот во 2019, 2021 и 2023 година.

Индивудалните признанија ги собра Матијас Гидесл. Данскиот ракометар е најдобар стрелец на овој шампионат со 60 гола и беше прогласен за најкорисен играч.

“Тоа не ми значи ништо. Кога стојам тука со пехарот, едниствена работа која ми паѓа на памет е дека играм со најдобриот ракометен тим во светот. Ги имам најдобрите играчи покрај себе. Немаше да постигнам толку голови за својот тим без нив, затоа тоа не е важно.

Направивме нешто што на никого не му успеало. Имавме притисок, но знаевме за што сме способни. Имаше многу репрезентации кои биле добри, но никогаш не освоиле титула на СП трипати во низа. Навистина треба да бидеме горди“, изјави Гидсел по крунисувањето.

Во Ол-стар тимот се најде уште ден Данец, Симон Питлик, а истиот го сочинуваат двајца Шпанци, двајца Французи, еден играч од Шведска и еден од Германија. За најдобар млад играч е прогласен Јури Кнор од Германија.

Ол-стар тим:

лево крило – Анхел Фернандез (Шпанија)
лев бек – Симон Питлик (Данска)
среден бек – Недим Ремили (Франција)
круже напаѓач – Лудовик Фабрегас (Франција)
десен бек – Алекс Душебаев (Шпанија)
десен бек – Никлас Екберг (Шведска)
голман – Андреас Волф (Германија)

најдобар млад играч – Јури Кнор (Германија)
најдобар стрелец – Матијас Гидсел (Данска) – 60 гола

ПретходноАдетокумбо го одигра мечот на сезоната! Никој вака лесно не стигнал до поени (ВИДЕО)
СледноКалин Ивановски со најдобар АТП ранкинг во кариерата, Ѓоковиќ се врати на врвот!