Му купиле билет за воз за да се врати дома, а тој го реши финалето!

7222

Еден од хероите на Данска во финалето на СП беше Расмус Лауге. Тој во солзи радосници ја прослави новата светска титула синоќа во Стокхолм. За него е интересен фактот што Данците веќе му имале резервирано билет за воз за да се врати дома, ако не се среди повредата на потколеницата која го мачеше и синоќа на финалето со Франција.

Тој влезе во второто полувреме, откако Хансен поради повреда мораше да се пресели на клупата. Ја испиша најубавата приказна на ова Светско првенство, постигна десет гола од само едно пормашување.

„Не знаев дали ќе влезам на теренот. Правевме тестови и ја чекав мојата шанса. Еве, таа дојде денеска. Ја зачував целата моја сила за ова финале. Беше лудо. Ние всушност го контролиравме мечот од самиот почеток. Со добра одбрана. На Никлас [Ландин] му одeше добро, а ние истрчавме неколку контри. Но, тогаш се вратија. Малку заглавивме со нападот. Тогаш селекторот ми рече дека нема друго, мора да играм во напад во второто полувреме. Имав резервиран билет за воз за дома, но потоа рековме, ајде да се обидеме за последен пат. Се вратив во тимот и можев да помогнам малку повеќе во одбраната. Знаев која е мојата улога и тоа беше сосема во ред. Не очекував дека ќе играм толку голема улога во финалето на Светското првенство. Повторно победа со овој тим. Тоа е, мислам, неверојатен момент“, изјави Лауге. 

Рамус Лауге Шмид стана шестиот играч во историјата кој постигнал двоцифрен број на голови во финалето на Светското првенство. Пред него успеаја Микел Хансен, Никола Карабатиќ (по 10 во истиот натпревар, во финалето 2011), Мишел Гигу со 11 (2009), Хуанина Гарсија со 11 (2005) и Александар Тучкин со 11 (1990).

ПретходноЃоковиќ имал долга ноќ, во три часот после полноќ се вратил од допинг контрола!
СледноИ официјално: Стефан Коцев во дресот на Каспиј Актау! (ФОТО)