Данците „пукаат“ по ИХФ: Ужасна организација, место да славиме не однесоа на допинг тест

781

Иако се вратија со трета шампионска титула во својата земја, данските ракометари и натаму не престануваат со критики кон ИХФ за организација на СП во Полска и Шведска. Последен во низата е лидерот во одбраната на данскиот тим, Хенрик Молгард, кој по враќањето во Копенхаген отки дека една четвртина од репрезентацијата не можела да ја прослави светската титула од бизарна причина.

„Само што тргнавме со прослава на титулата, одеднаш многу играчи мораат да направат допинг контрола.  Тоа беше круна на најлошо организираниот турнир на кој сум бил во последните 20 години. Видовме и бевме во лоши хотели, храната беше ужасна, немавме WiFi конекцијата и уште милион други проблеми“, вели Молгард, кој заедно со уште четворица дански ракометари морале да го прекинат славјето по победата над Данска за да чекаат во соблекувалните да им биде напрвен допинг тест.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Мекени е нов фудбалер на Лидс Ј.
СледноПознато зошто Кансело си оди од Сити: Пеп не трпи закани!