Барселона поради финансиски проблеми овој јануари не беше многу активна во однос на нови засилувања, но се чини дека Каталонците си го оставија најдоброто на крајот од преодниот рок, а веќе се знае кој фудбалер е голема желба на Жоан Лапорта и неговите соработници.
Играчот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат, кој импресионираше со настапите на Светското првенство во Мароко и го привлече интересот на многу клубови, па беше изненадување што се уште нема направено трансфер.
Чави во последен момент се предомисли и побара нови засилувања во средниот ред, што изненади многумина со оглед на играчите кои ги има на таа позиција. На Чави очигледно му се допаѓа играта на Амрабат и верува дека тој би бил засилување, а Лапорта и компанија веќе се „фрлија“ на работа.
Барселона подготви понуда за Амрабат, кого ќе се обиде да го доведе од Фиорентина на позајмица до крајот на сезоната, а деталите од оваа позајмица се обидуваат да ги договорат со италијанскиот клуб.
Јасно е дека Каталонците немаат многу време и затоа денеска ќе се обидат што побрзо да ја завршат работата за Амрабат да дојде до лекарските прегледи и потпишувањето на договорот.