Македонската репрезентација до 21. година ги доби противниците за следниот квалификациски циклус кој за нас стартува или на пролет или пак наесен во зависност од распоредот. Европскиот шампионат се игра во Словачка во 2025 година
Како главен фаворит во нашата група е репрезентацијата на Холандија која ја извлековме од шеширот број еден.
Од вториот по сила шешир ја добивме репрезентацијата на Шведска, а од следните шешири ги добивме Молдавија и Грузија. Од последниот шешир каде што се најдоа најслабо рангираните репрезентации го добивме и најслесниот противник Гибратлар.
Во текот на денот ќе го дознаеме и распоредот на мечевите.
Група Ц:
Македонија
Холандија
Шведска
Грузија
Молдавија
Гибралтар










