Тимот на Силекс утринава замина за Анталија каде што во следните десетина дена ќе го одработи главниот дел од подготовките оваа зима.
Кратовци до сега работеа во домашни услови, поточно на својот стадион каде што и временските услови им дозволија тоа да го направат како што треба.
По пристигнувањето на 4. февруари се игра дуелот против тимот на Ресовија, а два цена подоцна мечот против Сутјеска. На деветти следува мечот против Согдиана Јизак, а на единаесетти е мечот против големиот Динамо Киев.
За крај, на 14. е закажан дуелот со Торпедо Куташи.















