Тен Хаг: Веќе се радуваме на финалето

176

Тимот на Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето на „Карабао купот“ откако синоќа победи во реваншот од полуфиналето  против Нотингем Форест со конечни 2:0. Така тимот ќе има шанса да се бори за првиот трофеј откако Ерик Тен Хаг го презеде клубот како менаџер. Самиот Тен Хаг призна дека едвај чека да се соочи со Њукасл на Вембли. Тој исто така им честиташе на своите играчи за победата, иако имаше некои забелешки околу самата игра.

„Штом победиме и продолжиме понатаму, се е во ред. Да бидам искрен, првото полувреме не беше добро. Го игравме професионално, но темпото беше премногу бавно. Не создадовме многу шанси, но во исто време и примивме две добри шанси за противникот, што не треба да се случи. Во вториот дел одигравме многу подобро, со повеќе темпо и постигнавме неколку добри голови“, изјави Тен Хаг па додаде.

“Секако дека со нетрпение го очекуваме. Одиме на Вембли и ќе се соочиме со Њукасл, кој е одличен тим. Но, тоа е уште далеку и има време до тогаш  – рече  менаџерот на Јунајтед.

 

ПретходноСилекс се пресели во Анталија
СледноЧави: Одигравме брилијантен натпревар