Силекс се пресели во Анталија

350

Тимот на Силекс утринава замина за Анталија каде што во следните десетина дена ќе го одработи главниот дел од подготовките оваа зима.

Кратовци до сега работеа во домашни услови, поточно на својот стадион каде што и временските услови им дозволија тоа да го направат како што треба.

По пристигнувањето на 4. февруари се игра дуелот против тимот на Ресовија, а два цена подоцна мечот против Сутјеска. На деветти следува мечот против Согдиана Јизак, а на единаесетти е мечот против големиот Динамо Киев.

За крај, на 14. е закажан дуелот со Торпедо Куташи.

ПретходноЕвропа ќе игра за пласман во Словачка 2025 година
СледноТен Хаг: Веќе се радуваме на финалето