Ал Ахли во четвртфиналето од Светското клупско првенство (ВИДЕО)

300

Фудбалерите на Ал Ахли се дел од четвртфиналето од Светското клупско првенство откако во Танџир го победите тимот на Оукленд од Нов Зеланд со конечни 3:0.

Египетскиот состав поведе во финишот на првиот дел преку Хусеин Ел Шахат, а Мохамед Шериф ја удвои предноста во 56. минута. Конечните 3:0 ги постави Пери Тау во финишот на дуелот.

Па така, Ал Ахли во следната фаза ќе се сретне со тимот на Сиетл од американската МЛС и тоа во дуел кој е закажан на 4 февруари.
Истиот ден во Рабат, Мароканскиот Видад Казабланка ќе игра против тимот на Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Првото полуфинале е на програмата на 7 февруари во Танџир,  а ќе се сретна бразилскиот Фламенго против победникот од дуелот Видад – Ал Хилал, а ден подоцна Реал Мадрид против победникот од мечот Ал Хилал – Сиетл.

Финалето и мечот за третото место се играат на 11 февруари во Рабат.

ПретходноЛидерот Бостон без проблеми против Бруклин (ВИДЕО)
СледноМарсијал се израмни со Дејвид Бекам