Арменд Алими, искусниот играч за врска, некогашен репрезентативец на Македонија, најмалку до јуни ќе игра за Работнички. Со него клубот од Градски парк денеска ги договори сите детали околу новиот договор па така тој утре ќе им се придружи на своите клупски колеги во Охрид на подготовките.
Да кажеме и тоа дека по завршувањето на есенскиот дел, Алими и Работнички и официјално се разделија. Тој имаше неколку понуди, беше блиску до Силекс, но по се изгледа дека во Работнички сфатија дека Алими им е идеално решение за останатите шест месеци и брзо се договорија, па така тој до јуни ќе биде главен креатор на играта на тимот на стратегот Милан Илиевски.
Оваа вест попладнево Работнички и официјално ја потврди.















