Сведоците се повлекле – Гринвуд ослободен од сите обвиненија за бруталност

581

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд кој долго време беше под истрага поради брутални напади на својата девојка, денеска е ослободен од сите обвинувања. Како што пренесува Manchester Evening News, сите обвиненија против англискиот играч се отфрлени – кривичната постапка е прекината.

Инаку младиот играч на Јунајтед последниот меч го одигра на 22 јануари 2022 година и неколку денови подоцна беше уапсен. Манчестер Јунајтед веднаш го исфрли од тимот, а потоа, кога Гринвуд беше пуштен со кауција, одби да му ја даде својата тренинг база.

Од официјалните информации на полицијата денеска стана јасно дека клучните сведоци во случајот ги повлекле изјавите.

По најновите случувања се огласи и Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед е свесен за одлуката на обвинителството дека сите обвиненија против Мејсон Гринвуд се отфрлени. Клубот сега ќе направи своја анализа пред да одлучи за следните чекори. Нема да има дополнителни коментари од наша страна додека не заврши овој процес“, стои во соопштението.

ПретходноАндре Ајев е 30-тиот нов играч во Нотингем Форест сезонава
Следно„Кралевите“ не се даваат – ја „распарчија“ Валенсија на свој терен (видео)