Фудбалерите на Ал Ахли се дел од четвртфиналето од Светското клупско првенство откако во Танџир го победите тимот на Оукленд од Нов Зеланд со конечни 3:0.
Египетскиот состав поведе во финишот на првиот дел преку Хусеин Ел Шахат, а Мохамед Шериф ја удвои предноста во 56. минута. Конечните 3:0 ги постави Пери Тау во финишот на дуелот.
Па така, Ал Ахли во следната фаза ќе се сретне со тимот на Сиетл од американската МЛС и тоа во дуел кој е закажан на 4 февруари.
Истиот ден во Рабат, Мароканскиот Видад Казабланка ќе игра против тимот на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Првото полуфинале е на програмата на 7 февруари во Танџир, а ќе се сретна бразилскиот Фламенго против победникот од дуелот Видад – Ал Хилал, а ден подоцна Реал Мадрид против победникот од мечот Ал Хилал – Сиетл.
Финалето и мечот за третото место се играат на 11 февруари во Рабат.










