Давитков се враќа во мак-баскетот после 15 години!

312

Јорданчо Давитков после 15 години пауза се враќа во домашниот шампионат. Поранешниот селектор на македонската репрезентација ќе го води тимот на Струмица.

Новиот прволигаш и искусниот стратег договорија соработка до крајот на сезоната. Давитков треба да му помогне на тимот во Струмица да излезе од дното на табелата, на кое се најде после само две победи и десет порази.

Јорданчо Давитков работеше во Кувајт, ОАЕ и Бахраим. Тренерската кариера ја почна во Никол Ферт, работеше во Работнички, Неметали огражден, Поло Трејд.

ПретходноЧави: Одигравме брилијантен натпревар
СледноПелистер на поправен кај Нексе, Валтер најавува: Имаме добри шанси за израмнет дуел!