Уште едно блескаво издание на Столе Димитриевски во Ла Лига. Вечерва во меч од 20.коло во Ла Лига, Столе и Рајо славеа на свој терен со 2:0 против Алмерија. Македонецот повторно со чиста мрежа и тоа по осми пат сезонава, податок кој што го прави еден од најдобрите голмани во Ла Лига.
Елу со автогол во 54.минута му донесе водство на домашниот состав, додека Гарсија во 63.минута стрелаше за 2:0.
Со овие три сега Рајо има 32 бода и се наоѓа на 5.место на табелата, има три помалку од Атлетико Мадрид кој е четврти,место кое води во Лигата на Шампионите.
Токму затоа велиме дека на Столе и на Рајо им се смешка пласман во Лигата на Шампионите што би било фантастичен успех.