Младата македонска скијачка Јана Атанасовска повторно оствари најдобар резултат во историјата на македонското женско скијање и тоа во својата деби сезона во сениорска конкуренција.
16-годишната Атанасовска на денешната ФИС трка во слалом на патеката Сепада во Италија, се пласираше на 10то место и оствари одличен резултат од 71,84 #FIS точки.