Ристовски повторно во тимот на колото на ХНЛ! (ФОТО)

111

Стефан Ристовски, капитенот на нашата репрезентација и член на Динамо Загреб во моментов игра во одлична форма. И не само што игра, и не само што станува збор за десен бек, тој дава и голови, и тоа убави голови со кои Динамо Загреб победува.

И кога веќе е така, тогаш јасно е дека од коло во коло, Стефан е во тимот на колото во ХНЛ. Така и овојпат откако на мечот со Истра постигна ефектен гол за победа на Динамо од 1:0.

Тој гол и тој настап за “модрите“ на Стефан му го донесоа признанието да биде дел од идеалниот состав на колото. Покрај Ристовски во тимот на колото е и неговиот клупски и репрезентативен колега, капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми. 

ПретходноДанчо Целески: ГФК Охрид Лихнидос веќе е успешна приказна!
СледноАлек Бецвиновски: Македонец од Австралија е новата надеж на Мелбурн Сити, го каниме да игра за нас!