Исланд е четвртата репрезентација која остана без селектор по СП!

191

Гудмундур Гудмундсон повеќе не е селектор на машката репрезентација на Исланд. Ова е четврта земја која по завршување на Светското првенство направи промена на селекторското место.

Од исландската федерација потврдија дека спогодбено е раскината соработката, а во квалификациите за ЕП 2024 тимот ќе го предводат неговите асистенти Агуст Јохансон и Гунар Магнусон како преодни решенија.

Tој трет пат беше селектор на Исланд. Прв пат ги водеше од 2001 до 2004, потоа беше селектор од 2008 до 2012, а сега од 2018 до 2023.

ПретходноГостиварци се пред ФФМ, во случај клубот да биде казнет се најавува повлекување од Лигата!
СледноШироки Бријег е домаќин на новиот АБА2-лига турнир!