Тимот на Гостивар кој е лидер во моментов на ВМФЛ шампионатот со победа ја стартуваше пролетната полусезона. Со минимален триумф против тимот на Ломомотива Пехчево, од 1:0 и тоа со голот на Ринор Ајдини.
Иако во таборот на Гостивар има голем број на прекалени, искусни голгетери, токму Ајдини беше оној кој се најде онаму каде што треба, погоди, и ги донесе злато вредните три бода за тимот на стартот на пролетта.
„Секако дека сум среќен за голот но мора да кажам дека сум уште посреќен за победата. Не е важно кој ќе постигне гол туку е важно Гостивар да победува. Задоволство е да се биде дел од овој тим, да се добие шанса и истата да се искористи. Сигурен сум дека така ќе продолжам и јас но и тимот пролеттва да победува и да оствари пласман во ПМФЛ“ – ни изјави Ајдини.