Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа утрово не успеа да се избри за пласман во полуфиналето на силниот ИТФ турнир во Астана, Казахстан, откако беше сопрена во четвртфиналниот дуел од Русинката, Анастасија Тихонова.
Ѓорческа во четвртфиналето беше поразена со 2-0 (6-3, 7-5) и не успеа да ја мине и третата пречка на турнирот со награден фонд од 40.000 долари. Тихонова и пред дуелот беше фаворитка, а на крајот ја оправда оваа улога.










