Медведев го декласира Ѓоковиќ за руско финале во Дубаи!

1478
DANIIL MEDVEDEV (RUS) TENNIS - THE US OPEN 2021 - USTA BILLIE JEAN KING TENNIS CENTRE - FLUSHING MEADOWS - NEW YORK CITY - NEW YORK - USA - ATP - WTA - ITF - GRAND SLAM - OPEN - 2021 © TENNIS PHOTO NETWORK

Уф, каков настап и игра на Данил Медведев во полуфиналето на АТП турнирот во Дубаи. Победа од 2:0 во сетови над големиот Новак Ѓоковиќ и пласман во финалето каде го чека неговиот сонародник Андреј Рубљев.

Очигледна беше нервозата кај Србинот во текот на целиот меч, ништо не му поаѓаше од рака, посебно во првиот сет кој Медведев го доби со 6:4 во гемови.

Во вториот сет повторно Новак беше далеку од потребната форма, се обидуваше да се врати во мечот, но Русинот имаше одговор на се што се вели.

Овој втор сет Медведев го доби исто така со 6:4 во гемови за конечна победа од 2:0.

ПретходноМакедонија Ѓ.П во хумана мисија за шестмесечниот Дамјан Петковски!
СледноНа момче кое било извлечено од урнатините во Сирија му се исполни најголемата желба – Кристијано Роналдо (ВИДЕО)