На момче кое било извлечено од урнатините во Сирија му се исполни најголемата желба – Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

960

Набил Саид беше извлечен од урнатините по земјотресот кој однесе десетици илјади животи во Турција и Сирија. Малиот Набил имал среќа да го спасат спасувачите од Саудиска Арабија, а тој им рекол дека неговата животна желба е да гледа натпревар на Кристијано Роналдо.

Кога го видел видеото, веднаш реагирал човекот задолжен за организирање големи настани Турки Алалших и решил да реагира.

„Сине, ти и мајка ти сте добредојдени. Кој може да ми помогне да стигнам до нив“, напиша Алалших на Твитер.

Веќе следниот ден се дозна за кого се работи. Момчето дошло во Саудиска Арабија со семејството, а првиот човек на клубот Мусали Ал-Муамар се погрижил да имаат се што ќе посакаат.

Не само што ќе го гледат мечот, тие веќе имале средба со Кристијано Ронадло.

Ова е одличен гест на лидерот на Ал Наср и претставникот на Саудиска Арабија и потег достоен за сите пофалби. Кристијано Роналдо во минатото често испраќаше пораки за поддршка на децата од Сирија. Тој секогаш беше со нив.

ПретходноМедведев го декласира Ѓоковиќ за руско финале во Дубаи!
СледноБразилецот нема да игра во Минхен: Нејмар пак се повреди, и пак пред роденденот на својата сестра!