Хакими и службено обвинет за силување

136

Ашраф Хакими и официјално доби обвинение од властите во Франција за силување. Според најновите информации, по деталната истрага која што е спроведена деновиве, Хакими и официјално е обвинет дека во својот дом во околината на Париз силувал девојка со која што договорил средба преку социјалните мрежи.

„Ла Паризиен“, медиумот кој прв и ја објави веста, вели дека 24. годишна девојка пристигнала во полиција во неделата, и навела дека Хакими ја силувал во неговиот дом. Изворот додава дека девојката не поднела службена пријава, но полицијата нормално одлучила да го истражи случајот.

Комуникацијата помеѓу Хакими и девојката започнала на 16. јануари, а на 25. минатиот месец договориле средба во станот на Хакими при што фудбалерот организирал и Убер транспорт за неа. Девојката изјавила дека Хакими ја допирал и присилил на однос иако таа не се согласила на тоа, а во целата ситуација таа успеала да прати порака кај пријател за да дојде по неа.

Откак аферата изби во јавноста досегашната сопруга на Хакими реши да се разведе од него. Засега ниту тој ниту ПСЖ се одлучија на некаква изјава во јавноста по ова прашање.

 

ПретходноДанска на ЕП во Скопје ќе дојде без еден репрезентативец кој бил фатен со допинг!
СледноКлоп: Манчестер Јунајтед има многу подобра сезона од нас, но тоа не значи ништо