Четвртото коло во плеј-офот и плеј-аут лигата ќе биде комплетирано утре, а истото стартува денеска. Два меча ќе се одиграат во рамките на плеј-офот и двата ќе бидат интересни.
Во Скопје, Бутел е домаќин на Тиквеш, мечот е закажан со почеток во 18 часот. Кавадарчани немаат пораз до сега, запишаа две победи и едно реми, засега се на третото место на табелата. Нов предизвик за важни бодови е ранетиот состав на Бутел, кој има три порази во низа, па сигурно ракометарите на овој тим ќе влезат мотивирано за да дојдат до првите бодови.
Два часа подоцна во СЦ „Билјанини Извори“, Охрид е домаќин на Алкалоид. И ова ќе биде инетресна пресметка. Домаќинот има една победа и два порази, додека гостите имаат победа, пораз и реми. Трибините ќе бидат исполенти до последното место, фановите посакуваат триумф за вмешување во битката за третото место, чија цел е исто и на гостите.
Колото ќе биде комплетирано утре, Пелистер 2 е гостин на Вардар, додека Пелистер го пречекува Пролет.
Во сабота ќе се одиграат сите мечеви во плеј-аут лигата каде навистина станува интересно: Прилеп ќе го пречека Вардар Неготино, Струга е домачин на Голден Арт, Скопје на домашен терен ќе бара рехабилитација против Јуниор К.В, додека Радовиш ќе ги одмери силите со Куманово.
По ова следи репрезентативна пауза во рамките на ЕХФ неделата во која Македонија ќе го одигра двомечот против Португалија во битката за ЕП 2024.










