Тренерот на ФМП бесен: Срамота е во 21 век, од трибините да се довикува „џипси или манки“!

1700

По поразот на ФМП од МЗТ Скопје во рамките на АБА-лига, тренерот на гостите Ненад Стефановиќ, прво ја честита победата на македонскиот тим, ја анализира играта, но на крајот го искажа своето разочарување од навивачите во СЦ „Јане Сандански“.

„Ова што ќе го кажам нема врска со крајниот резултат, не би сакал да бидам погрешно сфатен. На трето гостување по ред од трибините слушаме навреди кон кошаркарите. Ова е срамота бидејќи сме 21 век, слушаме џипси и манки. Уште постојат такви кој испраќаат такви пораки поради бојата на кожата. А за да парадоксот биде уште поголем, МЗТ Скопје има такви тројца африкански играчи. Ако уште еднаш се повтори истото со момците ќе го напуштиме теренот“, изјави предводникот на ФМП.

ПретходноНиколиќ: Не познавам друг тим кој е последен на табела, а има ваква неверојатна поддршка од навивачите!
СледноНестварно: Роналдо и Ал Наср во 90+3. минута губеа со 0:1, на крај победија со 3:1! (ВИДЕО)