Феникс ја прослави десетата победа оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Чаир со 75-67 во меч од 16 коло во Првата лига. Со овој триумф, избраниците на Денис Дервишевиќ ја продолжија битката за четвртото место на табелата.
Гостите подобро го отворија мечот, после првата четвртина имаа предност од 15-22, додека на одморот водеше со 37-42. Добрата игра во третиот период беше клучна за конечниот исход. Феникс имаше 20-7 до пред самиот крај на овој период.
Во последната четвртина влезе со резултат 60-52, предност која успеа да ја сочува до самиот крај.
Трајковски имаше 21 поен, Митревски запиша 19 поени, додека Фалден реализираше 15 поени. Кај гостите, 27 поени имаше Роби.










