Пети: Лео би му порачал да си оди што поскоро од ПСЖ

256

Емануел Пети, поранешниот француски репрезентативец и екс-играч на Барселона остро го искритикува ПСЖ и го посоветува Лео Меси да си замине од таму. Свирежите кои ги доби Меси по мечот со Лион го трогнаа Пети кој за „РМЦ“ го бранеше Меси, а го искритикува ПСЖ и нивните навивачи.

Свирежите кон Меси се навреда за фудбалот. На Лео би му порачал едно нешто! Што поскоро да си одиш од ПСЖ“, изјави Пети.

Тој ја анализираше играта на Аргентинецот во ПСЖ.

Слушнав многу критики дека Меси не трча, туку оди на теренот. И оние кои беа главни кога Меси почнуваше исто така одеа. Меси е главниот во оркестарот, тој диригира и другите играчи околу него мора да се потрудат. Аргентина стана светски шампион затоа што Меси беше опкружен со воини, спремни да дадат крв за Меси. И во Барселона, сите трчаа покрај учителите.

Се сеќавам кога играв со Зидан. Зизу не ни кажуваше да трчаме да се браниме, ние бевме свесни дека мораме да го направиме тоа за тој да може да го диригира оркестарот“, вели Французинот.

ПСЖ уште еднаш не успеа да направи нешто значајно во ЛШ, испадна од Баерн во осминафиналето.

ПСЖ не личи на фудбалски клуб. Видете што се случува. Ниту еден фудбалер не направил напредок таму. А тоа не е по вина на Меси“, заклучи Пети.

 

 

ПретходноКалин стартуваше со победа во Дубровник, Ѓорческа елиминирана во Сплит
СледноПокрај Надал и Алкарас се откажа од настап во Монте Карло