За враќањето на Лионел Меси во Барселона веќе на големо се зборува, а сега шпанските медиуми навдеоа четири работи кои треба да ги исполни каталонскиот гигант.
Аргентинецот во 2021 година го облече дресот на ПСЖ, договорот со францускиот тим му истекува на крајот на оваа сезона, а како што стојат работите истиот нема да биде продолжен.
Иако Меси се уште нема донесе одлука за својата иднина, Барселона треба да направи неколку чекори.
На Аргентинецот мора да му даде поволен предлог, поточно понуда, пишува Мундо Депортиво. Покрај ова Жоан Лапорта мора да се сретне со Меси, односите меѓу нив двајца не се најдобри по заминувањето на ѕвездата во ПСЖ каде замина како слободен играч. Првиот човек на клубот не ја продолжи соработката со него.
Третиот чекор кој Барселона мора да го превземе е врзан со финансискиот дел. Каталонците мора да докажат дека нема да имаат проблем во реализирањето на евентуалниот договор.
И последно, раководството на каталонскиот тим мора да биде дискретен пред да официјализираат преговори со Меси за да ги избегнат проблемите на оние кои ја водат на Ла Лига,поточно да избегнат дополнителен притисок во однос на економската ситуација.
Останува да видиме дали навистина Барселона ќе почне преговори со Меси. Доколку го стори тоа, тука ќе се вмеша и Чави Хернандез кој е во одлични односи со Аргентинецот.










